19 April 2021

9-ТА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ПРОФЕСИОНАЛНА ОРИЕНТАЦИЈА "Мојата иднина, моја одлука”

Ротари клубот Скопје Камен Мост по деветти пат ја организира Ротари конференцијата за професионална ориентација наменет за средношколците од земјава.

Во понеделник, на 19 ти април, виртуелно преку платформата ZOOM, како последица на пандемијата на Covid 19 вирусот, со почеток од 19:00 до 21:00 часот, традиционално по деветти пат, ќе се одржи конференцијата за професионална ориентација на млади, оваа година под мотото "Мојата иднина, моја одлука”. Настанот е во организација на „Ротари клубот Скопје Камен Мост“ и има за цел да ги насочи своите активности кон поддршка на младите и талентирани луѓе во мисијата за остварување на нивниот целосен потенцијал и остварување на нивна успешна идна професионална кариера.

За времетраење на настанот членовите на Ротари клубот Скопје Камен Мост ќе го споделат сопственото искуство од својата професија, а истото ќе го сторат и неколку еминентни гости говорници, на средношколците од цела Македонија, сè со цел да им се помогне во нивниот избор на идна професионална кариера.

Учениците ќе може да се регистрираат преку следниот линк: https://docs.google.com/.../1FAIpQLSf.../viewform

ПРОГРАМА НА 9 ТА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ПРОФЕСИОНАЛНА ОРИЕНТАЦИЈА

19:00 – 20:00 Oтварање на конференцијата и пленарна сесија м-р Марта Наумовска Грнарова, Претседател на Ротари Клубот Камен Мост Скопје

Проф. д-р Александра Грозданова , Фармацевтски факултет при УКИМ и Претседател на Националниот комитет за имунизација на РСМ

Д-р доц. Самоил Самак, Доктор по технички науки и Генерален Директор на Микросам

Влатко Стефановски, Композитор и музичар

ZOOM линкhttps://us02web.zoom.us/j/83721756940

20:00 – 20:15 Кратка пауза, подготовка за break-out сесија

20:15-21:00 Break-out сесии во мали групи (преку платформата ZOOM)*

ПРОФЕСИОНАЛНИ ОБЛАСТИ

ГРУПА 1 - Економија, Финансии и Право
ZOOM линк: https://us02web.zoom.us/j/83003038496...

ГРУПА 2 - Креативен маркетинг и комуникации, Нови медиуми и дизајн , Книжевност
ZOOM линк: https://us02web.zoom.us/j/88580581324

ГРУПА 3 - Meдицина, Стоматологија и Фармација
ZOOM линк: https://us02web.zoom.us/j/88071678154

ГРУПА 4 – STEM : Инженерсво , Нови технологии, IT, Градежништво, Архитектура
ZOOM линк: https://us02web.zoom.us/j/88135690110...

Сите учесници ќе мора да ја симнат ZOOM апликацијата на своите компјутери или мобилни уреди: https://zoom.us/download. Информации за користење и логирање на апликацијата, ќе бидат испратени на секој пријавен учесник одделно по електронска пошта.

* Говорниците се членови на Ротари клубот Скопје Камен Мост