12 May 2020

8-ма Ротари конференција за професионална ориентација "Мојата иднина, моја oдлука“

На 9 мај, виртуелно преку платформата ZOOM, како последица на пандемијата на Covid 19 вирусот, традиционално по осми пат, се одржа конференцијата за професионална ориентација на млади, оваа година под мотото "Мојата иднина, моја одлука”. Настанот беше во организација на Ротари клубот Скопје Камен Мост, во соработка со Меѓународното училиште НОВА, и имаше за цел да даде поддршка на младите и талентирани луѓе во остварување на нивниот целосен потенцијал, како и да помогне во изборот на нивна идна професионална кариера.

За времетраење на настанот членовите на Ротари клубот Скопје Камен Мост го споделија сопственото искуство од својата професија, а истото го сторија и неколку еминентни гости говорници, Никица Мојсоска, извршен директор на Македонија 2025, Александар Поповски, режисер, и Невенка Димитрова, професор на New York Medical College, со средношколците од цела Македонија. Овој традиционален настан, во изминативе осум години го имаат посетено повеќе од 900 средношколци од 25 средни училишта, и истиот преку прашалник го имаат оценето како успешен и извонредно корисен при носењето на одлука во која насока да го продолжат своето образование.

Пленарна сесија Rotary Conference

Економија, бизнис и финансии

Архитектура и градежништво

Електротехника, електроника, информатика, машинство и автомобили