9 May 2020

8-ма Ротари конференција за професионална ориентација "Мојата иднина, моја oдлука“

Во сабота, на 9 мај, виртуелно преку платформата ZOOM, како последица на пандемијата на Covid 19 вирусот, со почеток од 17:00 до 19:00 часот, традиционално по осми пат, ќе се одржи конференцијата за професионална ориентација на млади, оваа година под мотото "Мојата иднина, моја одлука”. Настанот е во организација на „Ротари клубот Скопје Камен Мост“ и има за цел да ги насочи своите активности кон поддршка на младите и талентирани луѓе во мисијата за остварување на нивниот целосен потенцијал и остварување на нивна успешна идна професионална кариера. 

Овој традиционален настан, во изминативе седум години го имаат посетено повеќе од 800 средношколци од дваесетина училишта, и истиот преку прашалник го имаат оценет како успешен и извонредно корисен во изборот на нивната идна професија. Местата за настанот се ограничени и ќе се пополнуваат според редоследот по кој ќе пристигнуваат пријавите на on-line формулар.

Агенда

17:00 - 18:00    Отворање на конференцијата и пленарна сесија (преку платформата ZOOM)*

Воведно обраќање на Маја Лапе – претседател на Ротари клубот Скопје Камен Мост за 2019/20

Никица Мојсоска – извршен директор на Македонија 2025

Александар Поповски – режисер

Невенка Димитрова – професор на New York Medical College

18:00-18:15      Кратка пауза, подготовка за break-out сесија

18:15-19:00      Break-out сесија во мали групи (преку платформата ZOOM)*

Професионални области**:  

o          Архитектура и градежништво; 

o          Економија, бизнис и финансии; 

o          Електро-техника, електроника, информатика, машинство и автомобили; 

o          Маркетинг, медиуми и односи со јавноста;  

o          Медицина , стоматологија и фармација;

o          Право и адвокатура;

 

* Сите учесници ќе мора да ја симнат ZOOM апликацијата на своите компјутери или мобилни уреди: https://zoom.us/download. Информации за користење и логирање на апликацијата, ќе бидат испратени на секој пријавен учесник одделно по електронска пошта.

** Говорниците се членови на Ротари клубот Скопје Камен Мост