8 April 2017

5-та Ротари конференција за професионална ориентација на млади

 

Ротари клубот Скопје Камен Мост во континуитет ги има насочено своите активности кон поддршка на младите и талентирани луѓе во мисијата на остварување на нивниот целосен потенцијал. Во интерес на континуитетот на таа мисија, оваа година по јубилеен петти пат ја организира конференцијата за професионална ориентација на млади под мотото „Should I stay or should I go (Да останам или да заминам).

Конференцијата ќе се одржи во сабота, 08.04.2017, од 11:00 до 15:00 часот, во просториите на Meѓународното училиште НОВА. За време на настанот членовите на Ротари клубот Скопје Камен Мост ќе го споделат сопственото искуство од својата професија, а истото ќе го сторат и неколку еминтентни гости говорници, на средношколци од 2-ра и 3-та година од цела Македонија, се со цел да им се помогне во нивниот избор на идна професија. Овој традиционален настан, во изминативе четири години го имаат посетено повеќе од 500 средношколци од дваесетина училишта, и истиот преку прашалник го имаат оценет како успешен и извонредно корисен во изборот на нивната идна професија.

Местата за настанот се ограничени, сите заинтересирани ученици треба да се пријават на следната адреса: info@nova.edu.mk.  

Постер на настанот

Програма на настанот