News
Ротари клубот Скопје Камен Мост изминатите години своите активности ги насочи кон поддршка на млади талентирани луѓе во мисијата на остварување на нивниот целосен потенцијал. Во интерес на континуитетот на таа мисија, оваа година по третпат ќе организира конференција за професионална ориентација на млади под мотото „Да го одберам тоа што се бара или тоа што го сакам“.Конференцијата ќе се одржи во сабота, 18.04.2013, од 11:00 до 15:00 часот, во просториите на Meѓународното училиште НОВА. За време на настанот членовите на Ротари клубот Скопје Камен Мост ќе го споделат сопственото искуство од својата професија, а истото ќе го сторат и неколку еминтентни гости говорници, на средношколци од 2-ра и 3-та година, се со цел да им се помогне во нивниот избор на идна професија.
Пријави се за учество на info@nova.edu.mk (бројот на места е ограничен).
АГЕНДА НА НАСТАНОТ
ПОСТЕР НА НАСТАНОТ