ПРОГРАМА ЗА СТИПЕНДИРАЊЕ

БОРИС ТРАЈКОВСКИ-НОВА 2020

 -----------

Број и вредност на стипендиите

Ќе бидат доделени три целосни стипендии. Учениците кои ќе се пласираат во вториот круг имаат право да конкурираат за финансиска помош која може да покрие од 10% до 50% од школарината. Ќе бидат доделени до 10 делумни стипендии.

Секој ученик кој сака да земе учество во програмата за стипендирање треба да ги исполни следниве критериуми:

  • Да има постигнато одличен успех од VII до IX одделение

  • Да пополни електронска апликација за стипендирање

Процедура:

  • 25 ноември до 12 декемврипријавување со пополнување на електронска апликација (link)

  • 14 декември (сабота), во 12:00 часот во Гимназијата НОВА - Пишување состав на дадена тема

  • Насоки за подготовка 

  • 19 декември, 16:00 часот Објавување на резултатите (под шифра) на огласната табла во НОВА и на веб-страницата на училиштето

*Составот се пишува под шифра и резултатите (ранг-листата) се објавуваат под шифра.

Дваесет и пет (25) кандидати од вкупниот број на учесници ќе се пласираат во втор круг. Во вториот круг, под надзор на повеќечлена комисија учениците ќе презентираат лидерски, тимски, креативни и нумерички вештини. Трите (3) целосни стипендисти ќе се изберат врз основа на вкупните бодови од пишаниот состав (од првиот круг) и активностите од вториот круг.

  • 23 декември до 24 јануарикомплетирање на документација за ученици кои одат во втор круг на натпреварување (ќе бидат дадени дополнителни инструкции)

  •  втор круг натпреварување - датумот ќе биде дополнително објавен

  •  Вредноста на доделената финансиска помош покрива до 50% од трошоците за школување во НОВА. Кандидатите од вториот круг кои нема да добијат целосна стипендија  имаат право да аплицираат за финансиска помош**.

Обновување на стипендирањето

Ученикот и семејството потпишуваат Договор за стипендирање кој ги уредува сите очекувања од носителот на стипендијата и продолжување на стипендирањето.

**Кандидатите кои аплицираат за финансиска поддршка ќе треба да  достават и дополнителен формулар за финансиска помош.