13 April 2019

7 Ротари конференцијата за професионална ориентација (Во живо)

Ротари клубот Скопје Камен Мост оваа година по седми пат ќе ја организира конференцијата за професионална ориентација на млади под мотото „Should I follow my dream? (Да го следам ли својот сон?)“.

Конференцијата ќе се одржи во сабота, 13.04.2019, од 11:00 до 15:15 часот, во просториите на Meѓународното училиште НОВА. За време на настанот членовите на Ротари клубот Скопје Камен Мост ќе го споделат сопственото искуство од својата професија, а истото ќе го сторат и неколку еминентни гости говорници, на средношколци од цела Македонија, со фокус на 2-ра и 3-та година, се со цел да им се помогне во нивниот избор на идна професионална кариера.

Пријавата за присуство ќе биде овозможена и преку евент на ФБ страната на НОВА, и на мејл на НОВА info@nova.edu.mk.